Екипата на Ливерпул следната сезона може да добие нов стратег, откако името на Јирген Клоп се поврзува со селекторската позиција на германската фудбалска репрезентација.

Иднината на сегашниот селектор на „панцирите“ Јоаким Лев зависи од исходот на Европското првенство, кое ќе се одржи летово. Лев ужива голема доверба, но и Клоп е омилен кај германската фудбалска јавност, дел поради успесите, дел поради својата посветеност во работата.

Како потенцијални кандидати за наследник на Клоп на „Енфилд“ се споменуваат четири тренерски имиња. Како прв кандидат се издвојува Стивен Џерард. Клупската легенда прави чуда на клупата од Глазгов Ренџерс и се промовира како еден од подобрите менаџери од фудбалерите, кои скоро се повлекоа од фудбалот. Во потесниот избор се наоѓаат Јулијан Наглесман од Лајпциг, Лусиен Фавр и Масимилијано Алегри, кои моментално се без ангажман.

OhridNews