Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, порача дека неговите фудбалери во вечерашното финале од Лигата на шампиони нема да играат само за себе и своите навивачи, туку и за Украина.

Ова финале го играме не само за себе, туку и за Украина. Сигурен сум дека и украинскиот народ ќе го гледа финалето, а ние несомнено ќе го играме овој натпревар и за нив, рече Клоп на официјалната прес-конференција пред финалниот дуел во Париз против Реал Мадрид.

Поради инвазијата врз Украина, УЕФА и ја одзеде на Русија организацијата на финалето во Лигата на шампиони и го премести натпревар од Санкт Петерсбург на „Стад де Франс“ во француската престолнина.

Фактот дека натпреварот ќе се одигра, но не во Санкт Петерсбург е пораката која всушност треба да и ја испратиме на Русија, рече Клоп, додавајќи дека „животот оди понатаму дури и ако се обидувате да го уништите тоа“.

OhridNews