Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го рангираше неговиот клуб и Манчестер јунајтед меѓу најголемите клубови во светот.

Ни претстои голем, огромен натпревар. Овие два клуба се меѓу најголемите во светот. Секогаш мора да можеме да се справиме со тоа. Некои играчи мора да го научат ова. Овој пат натпреварот ќе биде неверојатно важен за двете екипи. Манчестер јунајтед брка пласман во Лигата на шампионите. Ќе бидат напнати 90 минути. Двата тима ќе се борат. Не сум разговарал со Рангник откако тој дојде во Англија, но можете да видите дека промени некои работи, изјави Клоп.

Манчестер јунајтед и Ливерпул ќе играат на 19 април.

Ливерпул е втор на табелата во Премиер лигата со 73 бода од 31 натпревар, Манчестер јунајтед е петти со 54 бода од 32 кола.

OhrtidNews