Дисциплинската комисија во Премиер лигата му изрече парична казна во висина од 8 000 фунти на германскиот стручњак Јирген Клоп за „лудата“ прослава на победничкиот гол на својот состав во дербито со Евертон на „Енфилд“.
Дивок Ориги со голема помош од гостинскиот голман Џордан Пикфорд постигна погодок во 6-та минута од судиското продолжение и донесе драгоцени бодови во трката за титулата со Манчестер Сити. Клоп, не издржа и голот на Ориги го прослави со голманот Алисон Бекер кој се наоѓа на средината од теренот.
Германскиот стратег прво беше на удар од менаџерот на Евертон, а потоа и на целата англиската јавност поради начинот на кој го прослави погодокот.
OhridNews