Заврши серијата без пораз на домашен терен на Ливерпул, откако Барнли со минимални 1-0 победи и ги освоите трите бодови на „Енфилд“. „Црвените“ последен пат на домашен терен згубиле од Кристал Палас во 2017 година. Поразот не само што ја прекина одличната серија, туку и ја продлабочи резултатската криза на Ливерпул, кој веќе пет мечеви не знае за победа.
Сите зборови кои ги имате во англискиот речник нема да ми бидат доволни да опишам што се случува. Одговорноста за поразот е само моја. Примивме директен бокс в лице. Се имавме во наши раце, а тие од еден момент погодија и победија. Не сакам да навлегувам во пеналот но голманот Алисон ми рече дека не го допрел играчот. – изјави Клоп за „Скај спорт“ после натпреварот.
Ливерпул заостанува шест бодови од лидерот на табелата Манчестер Јунајтед, кој пак, е следен ривал на „црвените“ во ФА купот. Мечот се игра в недела во 18 часот.
OhridNews