Ливерпул обезбеди добра предност од 2-0 после првиот меч со Порто во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони. „Црвените“ головите за победа ги постигнаа во првата третина од натпреварот. Наби Кеита погоди во 5-та минута, а Роберто Фирмино во 26-та минута од мечот.
- Среќни сме за резултатот и за играта. Ова беше прв натпревар и ќе биде многу интересни на реваншот. Постигнавме два погодоци и го контролиравме мечот, но им дозволивме многу прекини по кои се закануваа кон нашиот гол. Мора да напоменам дека ништо не е готово и мора да се бориме во вториот меч за да стигнеме до целта односно пласман во полуфиналето. – изјави Јирген Клоп.
Реваншот на „Драгао“ стадионот се игра за недела дена, а се очекува Порто да направи се` да го елиминира актуелниот европски вицешампион.
OhridNews
ЛШ: Ливерпул сигурен против Порто, Сон го казни Манчестер Сити (видео)