Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп проговори за резултатите на Ливерпул во тековната премиерлигашка сезона. „Црвените од Енфилд“ по осум се на 10. место на табелата.
Не сме во шампионската трка. Сега доживуваме тешкотии, но мора да продолжиме понатаму. Да излеземе на терен и да се бориме. Не сме тука да се помириме со ваквата ситуација и да се сеќаваме на минатата сезона, изјави Клоп.
Ливерпул вчеравечер загуби од Арсенал со 3:2 претрпувајќи го вториот пораз. Имаат исто толку победи и четири нерешени резултати.
Во следното коло, на 16 октомври, Ливерпул го пречекува актуелниот шампион Манчестер сити.
OhridNews