Екипите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед ги поделија бодовите во големото англиско дерби, ремизирајќи со непопуларните 0-0 на „Енфилд“. За „црвените“ ова беше четврти меч без победа, а во три од нив не успеаја да постигнат погодок, „ѓаволите“ пак, со бодот останаа на врвот од табелата во Премиер лигата.
Отворивме добро, игравме уште подобро, а се што недостигаше беше погодок во мрежата на Манчестер Јунајтед. Искрено, немам прецизно објаснување што се случува во нападот. Се гледа дека присутна е нервоза кај нашите офанзивци, но верувам дека ќе го пребродат овој период. – изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Предводникот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солксјер после мечот изјави дека жали за преостанатите два бодови, затоа што неговите избраници биле подобри.
Не е лош резултат на „Енфилд“, но жалам за победата. Момците одиграа феноменално на тактички план, не дозволувајќи му на Ливерпул да се разигра. На спротивната страна имавме контри и полу контри од кои мораше да постигнеме погодок. – рече Солскјер.
Борбата за титулата во Премиер лигата се разгорува до степен на вриење. Разликата помеѓу лидерот Манчестер Јунајтед и петтопласираниот Евертон е пет бодови.
OhridNews
Ремито на „Енфилд“ му го отвори патот до врвот на Манчестер Сити (видео)