Европскиот вицепрвак од 2012 година Борусија Дортмунд за противник во осминафиналето од Лигата на Шампиони го доби италијанскиот првак Јувентус.
Кога го запрашаа тренерот на „милионерите“ за импресии од ждребката тој во свој стил одговори : Многу е далеку февруари за да мислам на Јувентус и за мечевите од Лигата на Шампиони.
Моментално клубот од „Сигнал Идуна Парк“ се наоѓа во долниот дел од табелата во Бундес лигата и приорите секако ќе бидат натпреварите таму. Но, по настојувањето Клоп даде и свое видување за мечот во ЛШ.
– Многу јака двојка, а можеби и најјака од сите останати. Тие се италијански прваци, имат големо искуство во Европа и ќе биде вистински престиж да се натпреваруваме со нив – истакна Клоп.
Мх.П.