Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, реагираше на инцидентот кога навивачите на Ливерпул фрлаа парички кон менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола во натпреварот (1:0) од 11. коло на Премиер лигата.
Германскиот специјалист му се извини на шпанскиот колега.
Страшно. Навистина ми е жал. Се извинувам за тоа. Не знаев за оваа ситуација. Ова никогаш не треба да се повтори. Никогаш, изјави Клоп по натпреварот.
По натпреварот, Ливерпул го осуди однесувањето на навивачите и вети дека ќе ги најде одговорните. Тие се соочуваат со доживотна забрана за присуство на натпревари на „црвените“.
OhridNews