Во средбата помеѓу двајца германски фудбалски стручњаци победи помладиот Томас Тухел, кој со својот ПСЖ го совлада Ливерпул предводен од Јирген Клоп. „Светците“ со триумфот (2-1) го заверија пласманот во елиминациската фаза, а ако победата во Белград против Црвена Ѕвезда ќе финишираат на првата позиција.
- Имавме две-три ветувачки прилики за втор погодок и изедначување, но завршните пасови не завршуваа на вистинското место, а другите одлуки не беа правилни. Игравме добро, но не толку за да направивме нешто повеќе. Нашиот противник во второто полувреме го успори темпото на игра, ги затвори приодите кон голот и не дозволи да се надигруваме. – ремизираше Клоп.
Дуелот на Енфилд помеѓу Ливерпул – Наполи ќе биде финале пред финалето за двете екипи. Тимот што ќе изгуби ги завршува мечевите, а реми им оди во прилог на „азурите“ кои имаат бод повеќе од „црвените“.
- Мечот со Наполи на Енфилд за нас ќе биде финале. Ќе направиме се ноќта на 11 декември да биде маѓична, во спротивно ќе му честитаме на Наполи и ќе му посакаме многу среќа понатаму. – додаде Клоп.
ЛЕ: ПСЖ подобар од Ливерпул, Тотенхем од Интер (видео)
OhridNews