Водечката екипа на табелата во Премиер лигата, Ливерпул планира мал ремонт во екипата во летниот преоден рок. „Црвените“ од Енфилд имаат големи планови и како прв пик на трансфер пазарот го имаат назначено францускиот ас Килијан Мбапе.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп лично се заложил и почнал преговори со таткото на Килијан кој го застапува како агент во фудбалот. Ретко се случува во светскиот фудбал менаџерите директно да преговараат, но скоро секогаш успевале во своите намери.
Летото ќе биде многу интересно. Дел поради мечевите од националните шампионати кои ќе се играат во тој период, а дел поради трансферите кои се составен дел од преодниот рок.
Мбапе кариерата ја почна во Монако, а потоа премина во Пари Сент Жермен каде се здоби со статус на фудбалска супер ѕвезда.
OhridNews