Голот на Винисиус Јуниор го реши саботното финале на Лигата на шампиони на Стад де Франс, што на Реал му ја донесе 14. титула во елитното клупско фудбалско натпреварување.
Сепак играч на мечот беше извонредниот голман на кралскиот тим Тибо Куртоа. Тој имаше неколку извонредни одбрани, вклучително и при ударот на Садио Мане во првото полувреме кој потоа заврши во стативата.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во првата изјава по финалето, јасно посочи што мисли за поразот и што го одлучило натпреварот на сезоната.
По натпреварот кога ја видов статистиката беше 50-50 посед. Имавме многу повеќе удари, многу повеќе удари кон противничкиот гол, но најодлучувачката статистика е апсолутно на страната на Мадрид. Само за да се осигурам дека никој не мисли дека нема да му честитам на Реал Мадрид, го правам тоа сега, но (исто така) им честитав на сите присутни и вклучени надвор лично. Тие постигнаа гол, ние не, тоа е најлесното објаснување во светот на фудбалот и во секој случај е тешко, сурово, но ние го почитуваме тоа секако. Кога голманот е „Човек на натпреварот“, тогаш нешто не е во ред со другиот тим. Имавме мислам три навистина големи шанси каде Куртоа направи неверојатни одбрани. Би сакал да имам уште неколку играчи од овој калибар. – рече Клоп.
Ливерпул сезоната ја завршува со д ва трофеја во Карабао купот и ФА купот.
Г.М.