Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази незадоволство од играта на своите избраници во првото полувреме на синоќешниот дуел со Њукасл.

„Црвените“ од Енфилд го победија Њукасл со 2:1 во 5. коло од Премиер лигата со гол постигнат во осмата минута од судиското надополнување. Стрелец на победничкиот гол беше Фабио Карваљо.

Совршен момент за победа бидејќи тоа беше тежок натпревар. Меѓутоа, ние и пред противникот да дојде во водство изгледавме малку очајно. Моравме да се соземеме, да останеме смирени и да одиме напред. На крајот победивме со еден прекрасен гол. Многу сум среќен поради победата, изјави Клоп.

Ливерпул по двете врзани победи е петти во Премиер лигата со осум бода по пет кола.

OhridNews