Актуелниот англиски шампион Ливерпул, стави точка на серијата без победа и постигнат погодок во Премиер лигата, победувајќи го Тотенхем среде Лондон со 3-1 (1-0).

„Црвените“ одиграа одличен натпревар, потсетувајќи на минатогодишните настапи кога маршираа до титулата во најсилното англиски друштво. За погодок на дербито во Лондон се чекаше дури до судиското продолжение, кога Фирмино на додавање од Мане ја погоди мрежата и го отвори резултатот.

На стартот од второто полувреме, Александар Арнолд го дуплираше водството на гостите, погодувајќи ја мрежата на Тотенхем. Мала надеж за позитивен резултат на „петлите“ донесе Хојберг, кој со маестрален погодок го преполови водството на гостите. Сепак, Ливерпул не дозволи возбудувања, откако Мане реализираше за 3-1, после кардиналната грешка на Родон.

Ливерпул со новите три поени остана на четири бодови негатива од лидерот Манчестер Сити, кој пак има натпревар помалку.

OhridNews