Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп оцени дека неговиот тим го очекува тешка задача против Баерн Минхен во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.  „Црвените“ во вторник (утре) ќе се судрат со првакот во Бундес лигата, а потоа ги очекува дуелот со Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во Премиер лигата.

Мора да бидеме максимално фокусирани само на овој натпревар и не смее да не интересира дербито со Манчестер Јунајтед. Знаеме дека ќе биде тешко, секогаш е тешко во вакви мечеви, но едноставно мора да бидеме фокусирани како што кажав. Баерн Минхен лошо ја започна сезоната, но како што одминува е се подобар и сигурно ќе атакуваат на триумфот во меѓусебниот двомеч. Нивната желба за титула никогаш не „умира“, секогаш е жива. – изјави Клоп.

Германскиот стратег имаше пофални зборови за Метс Хумелс и Роберто Левандовски со кои имаше успешна соработка во Борусија Дортмунд. – Работевме заедно, а се работи фантастични фудбалери. Без нив мојата кариера немаше да биде иста. Сите имавме корист од меѓусебната соработка. 

Натпреварот на Енфилд започнува во 21 часот.

OhridNews

ЛШ: Кадровски проблеми на „баварците“ пред гостувањето на Енфилд