Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во пресрет на реваншот со Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите, зборуваше за шансите на неговиот тим да се пласира во следната фаза.
На првата средба во Ливерпул англискиот тим загуби со убедливи 2:5.
Пред три недели реков дека Реал веќе стигна до четвртфиналето. Сега, три недели подоцна, дојдовме во Мадрид. Ако веројатноста за нашиот премин е дури и еден процент, би сакал да се обидам. Тука сме да играме со многу силен противник и да се обидеме да победиме, изјави Клоп за „Би-би-си.
Реваншот ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ вечер со почеток во 21 часот.
OhridNews