Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната по девет години минати на легендарниот „Енфилд“.

Клоп (56) ги предводеше “црвените” до успехот во Лигата на шампионите во 2019 година, пред да ја освои својата прва титула во Премиер лигата една година подоцна.

Можам да разберам дека тоа е шок за многу луѓе во овој момент, но можам да објаснам – или барем да се обидам да објаснам. Сакам апсолутно сè во овој клуб, сакам сè во градот, ги сакам нашите поддржувачи, го сакам тимот, го сакам персоналот. Сакам сè. Но, тоа што сепак ја носам оваа одлука, покажува дека сум убеден сум во тоа дека треба да ја донесам. Како да кажам, ми снемува енергија. Веќе подолго време знаев дека ќе треба да го објавам ова во еден момент, вели во изјавата за клупската веб-страница, грерманскиот стратег, посочувајќи дека одлуката им ја соопштил на клупските челници уште во ноември.

Помошниците Пепијн Лијндерс и Питер Кравиц, исто така, ќе го напуштат клубот заедно со тренерот за развој Витор Матос, а Лијндерс сака да ги следи можностите како менаџер.

Клоп потпиша двегодишно продолжување на договорот во 2022 година и требаше да остане на „Енфилд“ до 2026 година.

Откако пристигна во 2015 година, Клоп го освои речиси секој трофеј со Ливерпул. Тој ќе продолжи да го води клубот во остатокот од кампањата 2023-2024, во која црвените од „Енфилд“ се бори за титулата во Премиер лигата.

Харизматичниот германски стручњак се смета за еден од најдобрите фудбалски тренери на денешницата.

Г.М.