Јужна Кореја соопштила дека шест клонирани кучиња обучени за откривање дрога веќе патролираат на главниот меѓународен аеродром и на три гранични премини. Шест генетски копии на еден лабрадор ретривер ја минале 16-месечната обука за откривање на дрога.


Тие кучиња се од леглото на седум кучиња родени 2007 година, после клонирањето на едно куче кое сеуште било во активна служба. Едно од кучињата ја прекинало обуката поради повреда. Клонирањето го извршиле научници од Националниот Универзитет во Сеул, кој прв во светот изврши успешно клонирање на кучиња.