Јапонски научници успешно клонирале глушец кој бил мртов и замрзнат дури 16 години. Клонирањето не претставува новина, но ова сепак е прв случај на клонирање на замрзнати ќелии од животни. Како што најавуваат научниците, постои можност да се клонираат некои изумрени видови на животни како што се мамутите.


„Докажавме дека здрав клон може да се добие од трансфер на јадро од замрзната ќелија“ – рекол др. Терунико Вакама, од центарот „for Developmental Biology u Kobeu“.

Научниците го одмрзнале умрениот глушец и зеле јадро од ќелија од неговиот мозок, бидејќи тие ќелии се најпогодни за клонирање. Па потоа мозочното јадро се ставени во празни јајце клетки, чија прва ДНК е исфрлена како би можело да се генерира клониран ембрион. После три недели е добиен жив клон на замрзнатиот глушец. Наспроти големото достигнување, овој потез го критикуваат етички групи.