Научниците во Јапонија клонирале глушец од една капка крв, било наведено во истражувањето објавено во списанието „биологија на репродукцијата“. Тимот при Центарот за биоресурски Рикен, користел ќелија крв земена од опашот на глушец донатор како би створиле клон, женка глушец со нормален животен век.

Целта на истражувачите била да пронајдат лесно пристапен извор на донаторски ќелии за клонирање за науката, односно важните врсти лабараториски глувци. Професорот по регенеративна медицина на Универзитетскиот колеџ во Лондон Кристофер Мејсон изјавил за британското радио дека успешното клонирање на глушецот било голем предизвик.