Однесувањето на Ламар Одом во последно време предизвикало доста проблеми во неговиот брак со Клои Кардашиан, но изгледа риалити ѕвездата одлучила неговиот последен инцидент да не помине неказнето. Имено, поранешниот НБА кошаркат на својот Твитер профил почнал да следи еден популарен порно сајт, на што јавноста бурно реагирала, па по се изгледа тоа била капката која конечно ја прелила чашата за неговата сопруга. Клои смогнала сила да остане со него кога се дознало дека има проблеми со дрогата, па дури и ги истрпела трачевите дека ја изневерил, но изгледа повеќе нема оправдувања за нејзиниот сопруг.

Извор близок на семејството рекол дека Клои веќе ги спремила документите за развод кои дури и ги потпишала, па сега чека само адвокат кој треба официјално да поднесе барање за бракоразводна парница. Иако според некои наводи Клои сеуште чека Ламар да се опамети, извори тврдат дека за тоа е веќе доцна и дека разводот е неизбежен.