По разводот од проблематичниот кошаркар Ламар Одом, Клои Кардашиан се впуштила во врска со американскиот рапер Френк Монтана. Меѓутоа, како што тврдат извори блиски до семејството, ниту овој пат не направила вистински избор. Раперот наводно ја натерал во престижен ресторан на Беверли Хилс да плати сметка од 600 долари.
Очевидец кој седел на масата покрај нив со уште двајца пријатели изјавил дека се однесувал ужасно. Точно се гледало дека не ја третирал на вистински начин. Постојано нарачувал нови тури пијалоци а потоа и велел да плати. Иако Клои и Френк Монтана сеуште официјално не ја потврдиле својата врска, мајката Крис Џенер ставила фотографија со новиот „зет“ што е своевидна потврда.