Риалити ѕвездата Клои Кардашиан дефинитивно стави точка на бракот со поранешниот кошаркар Ламар Одом и тоа речиси две години откако подесе барање за развод. Клои барање за развод поднесе уште во декември 2013 година после четири години заеднички живот, но случајот бил отфрлен во април оваа година бидејќи Клои не се појавувала на судските рочишта.

Клои навела дека причина за разводот е неверство кое го извршил нејзиниот сопруг. Исто така кошаркарот води битка со зависноста од алкохол и дрога што го чинело и крај на професионалната кариера. Риалити ѕвездата не пропушти да ги извести фановите на социјалните мрежи за новиот емотивен статус, ма им се заблагодари на Твитер на љубовта и поддршката.