Клои Кардашиан и нејзиниот сопруг, кошаркарот Ламар Одом моментално работат на нивното прво бебе. Оваа информација со јавноста ја поделил нејзиниот роден брат Роб кој до детали објаснил како Клои и Ламар се трудат да станат родители. Клои и Ламар освен на детето работат и на нивнто реално шоу „Клои и Ламар“ во кое очигледно ќе биде прикажана и борбата за родителство.


Роб не сакал да открие што се ќе видиме во емисијата, но рекол дека има визија како ќе изгледа нивното дете. Рекол дека неговиот внук или внука ќе биде една висока и прекрасна личност кој во целост ќе личи на своите родители.