Кло Кардашиан открила како го зачинила својот сексуален живот со кошаркарот Ламар Одом. Таа никогаш не била срамежлива кога е во прашање сексот. Затоа не е чудно тоа што била избрана да ја краси насловната страна на новиот број ја списанието „Космополитен“.

За списанието открила и некои тајни кои го одржуваат нејзиниот брак со Ламар. Таа изјавила дека за него готви гола. Таа исто така проговрила и за можните планови околу проширување на семејството. Рекла дека таа и сопругот дефинитивно сакаат да имаат деца и дека кога тоа ќе се случи ќе бидат пресреќни.