Вицешампионот во НБА лигата, Кливленд Кавалисрс ја официјализираше соработката со родениот охриѓанецот Џеди Осман, кој со клубот потпиша тригодишен договор.

Осман кој е роден во Охрид, но ги брани боите на Турција, токму во неговиот роден град се подготвуваше за НБА предизвикот тренирајќи по два пати на ден. 

22-годишниот кошаркар во ексклузивно интервју за OhridNews зборуваше за шансата во НБА и за можноста да игра со еден од најдобрите кошаркари на планетата, Леброн Џејмс. 

Тој на социјалните мрежи им се заблагодари на сите, а најмногу пофални зборови имаше за Анадолу Ефес, кој професионално постапи со Осман.

Мега интервју со Џеди Осман: Немав некоја посебна желба за клуб во НБА лигата, но ангажманот во Кливленд е вистинско бинго за мене

OhridNews