Кандидатите за нов американски претседател Хилари Клинтон и Доналд Трамп одржаа финални митинзи ден пред изборите, јавува „Макфакс“.
И двајцата одржаа митинзи во Северна Каролина, Пенсилванија и Мичиген.
Клинтон ги повика гласачите да поддржат„надежна, инклузивна Америка со големо срце”, додека Трамп пред симпатизерите изјави дека “постои одлична можност да се победи корумпираниот систем”.
Според анкетите, демокртаскиот кандидат Клинтон има предност од околу четири проценти во однос на републиканскиот кандидат Трамп.
Рекордно висок број Американци, над 46 милиони, рано го дадоа својот глас преку пошта или на гласачките места.
Постојат знаци за висока излезност на Латино-Американци, за кои се верува дека ја фаворизираат Клинтон.
OhridNews
извор: „Макфакс“