Англиските медиуми пренесуваат дека Јирген Клинсман е фаворит на сопствениците на Ливерпул Том Хикс и Џорџ Џилет, доколку одлучат да го отпуштат менаџерот Рафа Бенитез. Во меѓувреме, Шпанецот наводно е подготвен да ја прифати понудата на Реал од Мадрид, иако за него се заинтересирани и Интер, Милан и Баерн Минхен.
Ќе го замени ли Клинсман Бенитез во Ливерпул?
Американските сопственици на Ливерпул, посебно Џилет, Клинсман го гледаат како идеална замена за Бенитез доколку го изгубат трпението со шпанскиот стручњак. Извршиот директор на клубот, Рик Пери, денеска во САД треба да се состане со сопствениците на Ливерпул околу финализацијата на плановите за изградба на новиот стадион, но се очекува и да се разговара околу иднината на Бенитез како менаџер на Ливерпул. Од друга страна, Рaфа веќе се доведува во врска со заминување во Реал Мадрид, кој веќе два пати неуспешно се обидуваше да го врбува освојувачот на Лигата на шампионите од 2003 година.
И според тврдењата на неговите пријатели, Бенитез посакува премин во Реал, најмногу поради финансиските можности на кралскиот клуб кој во своите редови може да доведе кого ќе посака. Но, од друга страна самиот Bенитез тврди е шокиран од натписите во медиумите. „ Не знам колку пати морам да повторам дека својата иднина ја гледам во Ливерпул за одредени лу]е да ми поверуваат“, изјави Бенитез за „Ливерпул Ехо“.
ohridnews