Состојбата во приватната Кардиохирургија Филип Втори во Скопје која доцна синоќа остана без електрична енергија, денеска се нормализира.
Болницата, како што соопштија официјално од „Филип Втори“ останала без струја два и пол часа, од 22:30 до еден по полноќ, поради што бил загрозен животот на над дваесет пациенти.
Поради сериозноста на случајот објектот на Воената Болница синоќа итно ја посети премиерот Никола Груевски. Сопственикот на приватната кардиохирургија, д-р Жан Митрев, синоќа беше видно вознемирен, бидејќи како што и самиот изјави постоела сериозна опасност по животите на пациентите кои биле на апарати за одржување во живот.
Болницата за денеска најави официјално соопштение за случајот.
ohridnews