Во Велика Британија е отворена првата клиника за одвикнување од цицање на палците во која тврдат дека можат успешно да ги одвикнат децата од оваа лоша навика, која доколку се одолговлечи, може да ги оштети забите и вилицата. Клиниката е отворена во Лондон од група стоматолози, која досега излекувала стотина пациенти.


За многу луѓе сликата на мало дете кое го цица палецот претставува апсолутна невиност. Меѓутоа, во клиниката потенцираат дека оваа навика може да предизвика сериозни последици по здравјето на забите. Повеќето деца престануваат да го цицаат палецот на возраст помеѓу три и шест години без никакви последици.