Крилниот офанзивец на Охрид 2004, Јован Китрозоски поради повреда здобиена пред самото тргнување за Тетово го пропушти мечот со Ренова. Китрозоски се здоби со длабинска повреда на стопалото по убод од клинец.


– Наместо в автобус, завршив на хирургија. Само што ги напуштив соблекувалните, после два три чекори, осетив болка во десната нога. Во моето стопало беше забиен клинец и веднаш со Миле (помошниот тренер), заминавме на хирургија. Жалам што го пропуштив мечот во Тетово, и не бев во можност да дебитирам во Првата лига – рече Китрозоски.

Младиот напаѓач ќе мора да мирува во наредните неколку дена а шанса за деби ќе има наредниот викенд кога Охрид му гостува на Тетекс.  

М.П.