Климент Охридски во рамките на 1/8 финалето од националниот куп за противник го доби Партизан од Кичево.
Како што не информираа од клубот гостите го откажале учеството во натпреварувањето.
Според правилата, охриѓани ќе изборат пласман во наредната фаза по автоматизам, со служебен резултат.