По повод празникот „Свети Климент Охридски“, фудбалската Академија Пандев и Спортско рекреативниот центар „Климент Колески“ ќе организираат турнир во мал фудбал.

На првиот турнир од ваков карактер во градот Охрид екипите ќе се натпреваруваат во две категории 2002 година и помлади, 2004 година и помлади и тоа во два дена на 7 и 8 декември.

Покрај домаќинот Академија Пандев на турнирот ќе учествуваат Металург и Работнички од Скопје, Караорман од Струга, ЛГ Битола и прилепска Победа.

Мх.П.