Климе Лотески и натаму е прв човек и главен спонзор на ФК Охрид. Лотески вели дека и натаму ќе го води клубот и  не се точни информациите за смена во управата.

Климе Лотески и неговите соработници денеска ги извршуваа клупските обврски на натпреварот Охрид – Новаци, кој белите го добија со 1:0.

Претходно со допис медиумите беа информирани дека на вонредно Собрание на клубот дошло до смена на раководните структури, што во текот на денот беше демантирано од Климе Лотески и актуелното раководство на ФК Охрид.

Ohridnews