Екстремните временски услови и глобалното затоплување можат да однесат стотици животи, предупредува Светската Здравствена Организација.

Климатските промени претставуваат навистина сериозна закана за здравјето на стотици илјади луѓе, велат експертите од Светската Здравствена Организација кои тврдат дека тие ќе им го олеснат ширењето на низа болести.

Според податоците на СЗО, климатските промени го загрозуваат квалитетот на воздухот, водата и исхраната.Со продолжување на постоечките трендови, глобалното затоплување помеѓу 2030 и 2050 година ќе биде одговорно за смрт на 250 000 луѓе годишно.

Со зголемување на бројот на гладни, водечки причини за зголемена смртност ќе бидат и дијареата и екстремната топлина.

Експертите предупредуваат дека последиците од климатските промени нема да бидат ограничени само на земјите во развој.

извор:metro-portal.hr