Климатските промени ќе предизвикаат масовно нарушување на економијата насекаде низ светот, како последица на растот на нивото на морињата и намалување на плодното земјоделско земјиште, предупредува научната јавност.
Истражувачи од Интернационалниот институт за применети системски анализи (IIASA) по низа спроведени темелни испитувања, изготвија неколкку можни сценарија. Според нив некои земји ќе претрпат пад на БДП (GDP) до 12%, а најмногу последици ќе почувствува економскиот џин Кина. Падот на глобалната економија може да достигне до 4%, велат научниците, во зависност како земјите ќе го почитуваат Договорот од Париз за справување со климатските промени, кој предвидува лимитирање на глобалното затоплување на под 2 °C во споредба со пред-индустриското ниво.
-Нашите анализи покажаа дека до 2050 година, глобалните загуби во БДП како последица на климатските промени се значајни и слични, со оглед на ефектите од климатските промени што веќе ги доживуваме. Сепак, до 2100 година, без понатамошно ублажување и адаптација на новите состојби, при претпоставка за континуирано покачување на нивото на морето, предвидените годишни загуби низ целата економија може да достигнат повеќе од 4%. – вели Томас Шинко заменик директор на програмата за истражување на ризици во Интернационалниот институт IIASA,.
Научниците укажуваат дека со прилагодување и максимално ангажирање за ублажување на последиците од глобалното затоплуивање, негативните ефекти по светската економија можат да се намалат на 0,5%. За тоа, според нив, потребна е долгорочна адаптација, особено на заедниците во крајбрежните региони и соодветно дејствување за намалување на последиците од климатските промени.
OhridNews