Љубителите на виното за неколку десетлетија ќе можат да почнат да наздравуваат со црно вино од северна Англија, најавува денеска објавеното истражување на климатските промени.
Климатските промени можат да доведат до тоа на северна Англија да можат да се одгледуваат сорти на грозјето Кабернет Шевињон и Мерлот, предвидува во студијата професорот Ричард Сели од лондонскиот колеџ Империјал.
Просечната температура на југ во Англија до 2008 година ќе порасне за 5 степени Целзиусови.
Тоа може да значи крај на производство на белото вино на подрачјето на Темза и долината Северна кои биле вински региони уште од римските времиња.