Евакуацијата на цивилите од Киев сега не е возможна. Главниот град на Украина е опколен, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Не можеме да евакуираме цивили, бидејќи сите патишта се блокирани. Моментално сме опколени. Само што разговарав со претседателот Зеленски. Никој не се чувствува добро, изјави Кличко за американски медиуми, пренесува МИА.

Кличко призна дека властите во главниот град не успеваат целосно да ги контролираат вооружените доброволци во единиците за територијална одбрана.

Да бидам искрен, немаме стопроцентна контрола над вооружените единици на доброволци, рече Кличко, нагласувајќи дека Киев е на раб на хуманитарна катастрофа.

Засега во нашите домови имаме струја, вода и парно. Но, инфраструктурата за дистрибуција на храна и лекови е уништена, додаде тој.

Веста ја пренесоа бројни релевантни светски медиуми, за потоа да се јави портпаролот на Кличко со тврдење дека се работи за „недоразбирање“. Објасни дека се работи за руска пропаганда.

Руските медиуми шират информации за замен и за тоа дека Киев е наводно опкружен од руска војска и евакуацијата на луѓето е невозможна. Не верувајте им на лагите. Верувајте им само на информациите од службени извори, додал тој.

Во Киев и вечерва на сила е полициски час, а во градот можат да се чујат предупредувачки сирени.

OhridNews