Клептоман од германскиот град Дармштад побарал од полицијата да го следи при купување, на што позитивно му било одговорено.

43-годишниот Клептоман од Дармштад се јавил во полициска станица и побарал помош. На полицајците им кажал дека се плаши да не направи казнено дело. Добил купон за бесплатно пазарење во еден дуќан, но се плашел од својата навика дека може незабележано да земе повеќе роба отколку што смее. Полицајците му удоволиле на барањето, му правеле друштво при пазарењето и го испратиле до дома.

Слични наредни придружби за пазарење не се предвидени, соопштиле од полицијата.

ohridnews