Подмладокот на охридската пастрка е загрозен од рибокрадците, а не од рибите предатори во Охридското Езеро, тврдат експертите од Хидробиолошкиот институт.

Според нив со начинот на одгледување на подмладокот во вештачки услови во мрестилиштата и времето кога тој се враќа во природните живеалишта, исклучена е опасноста тој да стане жртва на кленот или другите предатори во езерото.

-Се води строго сметка подмладокот на пастрмка кога кога се враќа во езерото и ние тоа го правиме во октомври кога кленот го нема во местата каде живее пастрмката, вели Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт.

Спиркоски напомена дека најголема опасност за опстанокот на пастрмката претствува човекот, а серизен проблем претставува и несинхронизираноста во заштитата на пастрмката од двете страни на езерото.

ohridnews