Фудбалерите на Младост од Царев Двор на жешкиот терен од Кожув забележаа значајна победа совладувајќи го домаќинот 2-1 во трката за втората позиција во Втората лига, која води во елитата.
Творец на победата беше напаѓачот на Младост, Игор Клечкароски, кој прво изнуди удар од белата точка, а подоцна го реализираше длабоко во судиското продолжение.
– Одигравме многу тежок натпревар против мотивираните домаќини кои беа решени да ни направат проблеми. Бодовите од овие натпревари се многу важни, а пак слатки кога ќе се освојат со погодок во 90-та минута. При пеналот не размислував многу, одбрав страна, шутирав и погодив за победа. – рече Клечкароски.
За поранешниот фудбалер на Охрид 2004 победничкиот погодок е седми сезонава, а втор во вториот натпревар во пролетната полусезона.
Ohridnews