Екипата на Младост направи уште еден чекор напред кон елитата откако на „Атина Бојаџи“ со 2-0 го совлада Еуромилк во 20-та рунда од Втората лига.

Од стартот на натпреварот домаќините тргнаа офанзивно, но само по прекини успевеаа да го загрозат голот на Бурхан Мустафа.

Теренска иницијатива во првиот дел „зелено белите“ ја искористија во 43-та минута кога Благојче Коњарски на втората статива ја погоди мрежата по нафрлувањето на Игор Клечкароски за водство 1-0.

Ситуацијата на теренот не се промени во вториот дел. Гостинските фудбалери покрај негативата не презедоа ништо додека домаќините со организирана игра го чуваа минималното водство.

Во 73-та минута дилемите околу победникот ги разреши Клечкароски, кој маестрално од слобеден удар го матираше Мустафа.

До крајот на натпреварот фудбалерите на Младост го задржа водството и ја забележаа деветтата победа во шампионатот.

Мх.П.