Македонскиот интернационалец во Виетнам, Николче Клечкароски со погодок во судиското продолжение донесе победа за Да Нанг од 2-1 над екипата на Саи Гон.


Клечкароски во игра влезе во првото полувреме на местото од повредениот Мерло, и се покажа како таличен за својата екипа. Поранешниот фудбалер на Тетекс, со четвртиот гол сезонава во 18 натпревари, го лансираше Да Нанг на втората позиција.


Мх.П.