Лидерот  на табелата Охрид`04 со “покер” голови ја започна трката кон Првата лига. Охриѓани ја забележаа највисоката победа во првата пролетна рунда и се најголеми добитници откако директните конкуренти 11 Октомври, односно Тиквеш ремизираа на гостувањата кај Миравци, односно Цементарница.


Долго во првиот дел охригани се мачеа да креираат вистинска можност, “локосите” добро поставени на својата половина ги неаутрализираа нападите.  “Бункерот “ пукна на пет минути пред крајот на првиот дел кога голманот Јосифоски несрпетно реагираше на долгата топка, во мешаницата најдобро се снајде Клечкароски кој го искористи отпадокот И со одмерен удар ја затресе противничката мрежа.

Во самиот финиш на првиот дел, Реќкоски го претрча последниот играч на гостинската одбрана Додевски, овај недозволено го собори на работ на казнетиот простор, а битолчанецот Вељанов му го покажа патот кон соблекувалната.


Самошто започна вториот дел, Нически упати длабочинска топка кон Китрозоски, овај го заобиколи Јосифоски и зголеми на 2-0. За Китрозоски ова беше третиот погодок во шампионатот.


По вториот примен гол, гостите немајќи што да загубат се отворија и тргнаа кон противничкиот гол. Нивната игра даде резултат , во 60 минута кога Спасоски со прекрасен удар од слободен го матираше Карамачоски.


Минути на игра во кои гостите се натрчуваа со охриѓани, а отворената игра остави простор за контранападите на “рибарите“.


Повторно на сцена стапи Нически кој во празно го проигра Клечкароски, овај се одлучи да солира, се ослободи од противничкиот фудбалер, но беше соборен во казнетиот простор, што за Вељанов значеше најсторга казна. Сигурен реализатор  беше Клечкароски кој биеше неодбранливо во левиот горен агол.


Точка на И, Клечкароски стави две минути подоцна по додавањето на Митрески, изби сам и погоди за комплетирање на хет-трикот прв за него сезонава.

М.Постоловски