Кратовскиот прволигаш Силекс е следна дестинација на голгетерот Игор Клечкароски. Тој со кратовчани потпиша едногодишен договор со можност за продолжување.


Стружанецот беше ударна игла во нападот на „зелените“, но двете страни не најдоа зеднички јазик и прекинаа соработка.

Клечкароски го носеше дресот на Младост од Царев Двор две сезони во кои со негова помош клубот направи сензација пласирајќи се од Третата во Првата лига.

– Многу сум задоволен од постигнатиот договор со екипата на Силекс. Се што им побарав ми обезбедија и без размислување го потпишав договорот. Во тимот на Младост помина две фантастични сезони и на клубот му посакувам многу среќа во елитата. – рече Клечкароски.

Во минатото „Клечкар“ настапуваше за Охрид, Пелистер, Напредок и Шкендија и сигурно ќе биде огромно засилување за кратовчани во нападот.

Ohridnews