Стрелецот на погодокот вреден три бодови за Охрид на гостувањето кај Дрита во Боговиње, Игор Клечкароски се најде во идеалниот тим од 9-та рунда во двете Втори лиги во нашата земја.Клечкароски во изборот на Макфудбал.мк го предводи нападот заедно со Мартин Мирчевски од Беласица односно Андреј Кудијан од тимот на Плачковица.

  • Охриѓани полека навлегуваат во неопходниот второлигашки ритам. Изненадувачка, но заслужена победа на гостувањето против Дрита благодарение на голот на Клечкароски кој рутински реагираше пред голот на домашните по акцијата и извонредната асистенција на Целески. – стои во објаснувањето од макфудбал во изборот на Клечкароски.

Најистурениот фудбалер се покажа како човек на одлука во претходните два мечеви кои Охрид ги доби со минимални 1-0.

Место помеѓу најдобрите во тимот на колото имаше и за Дејан Лескароски. Капитенот на Лабуништа одигра главна улога во разоружувањето на нападот на Пелистер.

OhridNews