Стружанецот Игор Клечкароски со голот на мечот со Маџари стигна до петнаесетиот погодок во второлигашката конкуренција.

Клечкароски во 27 минута го постигна водечкиот погодок во победата од 4-1 на Шкендија над Маџари.

По оваа победа и киксот на Слога Ј, Шкендија се доближи на 4 бода до “гулабите“. Тетовци на три кола до крајот имаат натпревар помалку од скопјани.

М.П.