-Бродот „Илинден“ комплетно е реконструиран во 1991 година. Вградени се нови материјали, а реконструкцијата е направена според највисоки стандарди и под надзор на надлежните поморски служби на тогашна Југославија, вели Клечкароски.
И поранешниот капетан на „Илинден“ Петар Василев реагира на изнесените информација за староста и стабилноста на бродот.
– „Илинден“ е исклучително стабилен и сигурен брод, а несреќата е сплет на околности, вели Василев.
Бродот „Илинден“ е германски воен брод кој е изграден во 1924 година. Подоцна тој бил преадаптиран во патнички брод кој како таков долго пловел по Втората светска војна. Во осумдесетите години од минатиот век тој е репариран и реконструиран, заменети се сите стари и дотраени делови и конструкции со нови, за што постоeла соодветна техничка документација во Капетанијата на пристаништата во Охрид.