Градскиот фудбалски клуб Охрид на неколку дена пред официјално отворање на летниот преоден рок договори две засилувања за сезоната која следува. Старо-нови членови во јатото на „рибарите“ ќе бидат Игор Клечкароски и Раиф Мирселоски.
Клечкароски на охридскиот состав му се приклучи пред почетокот на минатата сезона додека искусниот голман Мирселоски се пресели на полусезона од кичевски Велазерими.
Со задржување на Клечкароски и Мирселоски, охриѓани покажуваат сериозни амбиции за формирање на стабилен клуб кој никогаш повеќе нема да стравува за второлигашкиот статус.
OhridNews